На 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.

Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.

По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.

Ќе остане запаметен по улогите во „Македонски народни приказни“, „Бушава азбука“, „Балкан бенд“, „Трст виа Скопје“, „Солунски патрдии“, „Хихирику“, „Викенд на мртовци“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“.

Во 2023,  претседателот Стево Пендаровски го одликуваше со Орден за заслуги за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.

Слични новости

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.