
Холивудскиот актер Вингс Хаузер познат по улогите во „Џо Џо танчер“, „Животот те повикува“, „Одред против пороци“ и „Цврстите момчиња не танцуваат“, почина на 77 гофишна возраст.
Неговата ќерка соопшти дека Хаузер починал во неговиот дом во Санта Моника по долго боледување од хронично опструктивно белодробно заболување. Неговиот син Кол Хаузер исто така е актер и го игра фиксерот Рип Вилер во серијата „Јелоустоун“.
Хаузер стекна популарност во 1982 кога играше макро психопат во „Одредот за пороци“ режиран од Гери Шерман. Потоа играше американски офицер во филмот “Приказната на војникот“ од 1984, а потоа и дилер на кокаин во „Џо Џо танцувачот“.
Хаузер одигра стотици улоги за телевизиски серии од кои многу беа комплексни и незаборавни.
Слични новости
Заврши снимањето на војната на розите со Бенедикт Камбербач и Оливија Колман
Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.
Јутјуб најгледан кај дистрибутерите на телевизиски контент во САД
Интересен е фактот што Јутјуб го зазеде првото место поради изненадувачкиот пораст на популација над 50 години која гледа Јутјуб, која ги надмина по гледаност луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години.
На аукција стотици велосипеди заборавени на германските железнички станици
Околу 2.700 велосипеди се наоѓаат секоја година на околу 5.400 станици низ целата земја, рече портпаролката на „Deutsche Bahn“