Мишел Кристин Трактенберг, американска актерка позната по улогите во телевизиските серии „Бафи убиецот на вампирите“ и „Озборувачка“, почина во средата на 39-годишна возраст, објави нејзиниот тим за односи со јавноста.
„Со голема тага потврдуваме дека Мишел Трактенберг почина. Семејството бара приватност во овој тежок период. Засега нема дополнителни детали“, се вели во соопштението.
Причината за нејзината смрт сѐ уште не е позната, но полицијата соопшти дека не станува збор за сомнителна смрт.

Актерката е родена на 11. октомври 1985 година во Њујорк во семејство на еврејски имигранти.
Трактенберг почнала да се појавува во реклами уште како дете, кога имала три години, а нејзиното телевизиско деби беше во серијата „Авантурите на Пит и Пит“ ба Nickelodeon во 1994 година.
На 10-годишна возраст ја добива првата главна улога во филмот „Малиот голем шпион“ во 1996 година.
Имаше улоги во неколку продукции на Nickelodeon, што доведе до нејзината улога во комедијата „Луд помин во Европа“ во 2004 година, кога беше во раните дваесетти години.
Потоа дојдоа улогите по кои е најпозната, вклучувајќи го ликот Даун Самерс во серијата „Бавфи, убиец на вампири“ во 2000 година и како Џорџина Спаркс во телевизиската серија „Озборувачка“ во 2007 година.
Трактенберг се појави и во музичките спотови за емо-рок бендот Fall Out Boy за песната „This Ain’t a Scene, It’s an Arms Race“ и видеото за „Tired of Being Sorry“ од Ringside во режија на Хоакин Феникс.
Слични новости
Џена Ортега одушевена од соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“
Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.