Швајцарски универзитет одржува изложба за контроверзното доделување на почесен докторат на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, истакнувајќи ги врските меѓу неговата фашистичка влада и швајцарското општество во 1930-те.
Изложбата „Доктор Мусолини – деликатно минато“ ја истражува заднината на титулата доделена на фашистичкиот водач од Универзитетот во Лозана во 1937 година, која никогаш не била одземена.
Се фокусира на причините зошто универзитетот му оддал почит на Мусолини, кој ја основаше фашистичката влада во Италија и се здружи со германскиот нацистички водач Адолф Хитлер во Втората светска војна.
На Мусолини, кој ја користел титулата „Il Duce“ (дуче – водач), му била доделена титулата доктор „затоа што во својата татковина зачна и спроведе општествено уредување што ќе остави длабока трага во историјата“, се наведува во текстот на доделувањањето.
Добил почесен докторат во април 1937 година, откако неговите сили ја нападнаа Етиопија, каде што ги прекршија Женевските конвенции користејќи отровен гас.
„Тоа беше погрешна и срамна одлука на универзитетот. Злосторствата и бруталноста на Мусолини беа очигледно добро познати во тоа време“, вели Олга Кантон Каро, организатор на изложбата, која ќе трае до септември.
Додава дека постоела силна привлечност меѓу некои членови на академската заедница на универзитетот и Мусолини, кој поминал неколку месеци студирајќи таму во 1904 година.
Многу претприемачи и академици му се восхитувале на диктаторот во 1930-те поради неговите антикомунистички ставови и напорите да ја модернизира Италија и да ја зајакне нејзината војска.
„Тоа била тесна врска со градот Лозана, кој беше центар на фашизмот во француското говорно подрачје на Швајцарија, а многу организации беа платени од владата на Мусолини“, додава Кантон Каро.
Сепак, наградата била контроверзна дури и во 1937 година, а многу студенти и академици се спротивставиле.
Докторатот не беше отповикан и покрај протестите што продолжија во последните години и покрај фактот што универзитетот, откако комисија ја истражуваше наградата во 2022 година, призна дека „потфрлил во својата мисија и академските вредности“.
Изложбата, која содржи копија од докторскиот сертификат и други документи, е дел од одлуката на универзитетот да се дискутира и да ја подигне свеста за ова прашање.
„Наместо да ја негира или брише оваа епизода која е дел од историјата, администрацијата на универзитетот сака таа да послужи како трајно предупредување“, соопшти универзитетот во 2022 година.
Слични новости
Птици, реки, Леонардо и Марија Кири на новите евра
Европската централна банка (ECB) избра идеен дизајн за нови банкноти на еврото, кој вклучува птици, реки и познати личности како Марија Кири и Леонардо да Винчи
Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција
Тунелите изградени за да се засолнат лондончани за време на германските бомбардирања во Втората светска војна треба да станат најголемата нова туристичка атракција на британската престолнина, според компанијата што ја купи широката мрежа од тунели
Ќерката на Никол Кидман позираше без шминка во кампања за модната куќа Миу Миу
Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“.