Governers awards е традиционална манифестација на академијата за филм, каде што се доделуваат специјални почесни Оскари за легендите на филмската индустрија, на свеченост на која според протколот мора да се носи црна вратоврска.

Годинава добитник на почесен Оскар беше американскиот композитор и продуцент Квински Џоунс кој почина на 3 ноември. Почесниот Оскар на академијата го прими неговата ќерка Рашида Џоунс која опкружена со своите браќа и сестри во солзи зборуваше за нејзиниот татко.

Почесни оскари добија и продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи кои ја одржаа франшизата на филмовите за Џемс Бонд, како и кастинг директорката Џулиет Тејлор, најпозаната по кастинзите за филмовите на Вуди Ален.

Вообичаено, на специјалните награди присуствуваа фаворитите за претстојните Оскари: Анџелина Џоли во филмот Мариа, Пол Мескал од Гладијатор 2, Деми Мур од Суштина и Едриен Броди од Бруталист.  

Слични новости

Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција

Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција

Тунелите изградени за да се засолнат лондончани за време на германските бомбардирања во Втората светска војна треба да станат најголемата нова туристичка атракција на британската престолнина, според компанијата што ја купи широката мрежа од тунели