Governers awards е традиционална манифестација на академијата за филм, каде што се доделуваат специјални почесни Оскари за легендите на филмската индустрија, на свеченост на која според протколот мора да се носи црна вратоврска.
Годинава добитник на почесен Оскар беше американскиот композитор и продуцент Квински Џоунс кој почина на 3 ноември. Почесниот Оскар на академијата го прими неговата ќерка Рашида Џоунс која опкружена со своите браќа и сестри во солзи зборуваше за нејзиниот татко.
Почесни оскари добија и продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи кои ја одржаа франшизата на филмовите за Џемс Бонд, како и кастинг директорката Џулиет Тејлор, најпозаната по кастинзите за филмовите на Вуди Ален.
Вообичаено, на специјалните награди присуствуваа фаворитите за претстојните Оскари: Анџелина Џоли во филмот Мариа, Пол Мескал од Гладијатор 2, Деми Мур од Суштина и Едриен Броди од Бруталист.
Слични новости
Фосил ја открива борбата на живот и смрт меѓу крокодил и летечки репитл
Во сушните лоши предели на Паркот на диносаурусите во Алберта, научниците ја откопале фосилизираната коска од вратот на млад криодракон, вид летечки рептил познат како птеросаурус
Поскапуваат дозволите за искачување за Еверест
Почнувајќи од септември, сите заинтересирани за искачување на „покривот на светот“ ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за искачување
Рокерот Мерилин Менсон нема да биде обвинет по истрагата за сексуален напад
Окружниот обвинител во Лос Анџелес Нејтан Хохман рече дека доказите не се доволни за 56 годишниот рокер да биде обвинет.