Глобалната потрошувачка на вино минатата година падна на најниско ниво од 1957 година, достигнувајќи 208 милиони хектолитри. Ова представува пад од 2,7 насто во однос на претходната година и вкупен пад од околу 14 проценти во однос на 2018 година, пренесе германскиот весник Шпигел.

Пад е забележан на 9 од 10-те најголеми светски пазари, вклучувајќи ги САД, ФРанција и Кина, кои се клучните фактори за глобалниот пад на продажбата на вино.

Во САД кое се најголем светски пазар за вино, потрошувачката паднала за 4,3 насто, што се поврзува со падот на куповната моќ и промената на навиките кај младите потрошувачи.

Во Кина е забележан годишен пад од дури 13 насто, додека вкупната потрошувачка од 2020 е намалена за 61 насто, со што Кина падна од шестото на единаесеттото место на најголемите пазари за вино.

Слични новости