Американските и иранските сили трагаат по исчезнат член на екипажот на американски борбен авион „F-15E“, кој беше соборен во јужен Иран. Според извештаите, пилотот е спасен, додека офицерот за вооружување сè уште се води како исчезнат, а неговата судбина останува непозната.
Иранските власти соопштија дека нивните безбедносни сили активно ја пребаруваат областа и дури нудат награди за пронаоѓање на американскиот војник „жив“.
Во меѓувреме, медиумите јавуваат дека за време на спасувачка мисија бил нападнат и друг американски авион A-10, чиј пилот успеал да се катапултира и е безбедно спасен.
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
