Палестинското вооружено движење Хамас доцна во вторникот објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.
„Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот“, соопшти исламистичката милитантна група.
Хамас соопшти дека неговата делегација, предводена од еден од водачите на движењето Калил ал-Хаја, ја повторила својата посветеност на договорот за прекин на огнот „со сите фази и клаузули“.

„Тие (палестинските затвореници) ќе бидат ослободени истовремено со телата на израелските затвореници (заложници) за кои има согласнот да бидат предадени во првата фаза“, објави Хамас.
Израел во саботата го одложи ослободувањето на 620 Палестинци бидејќи Хамас ги ослободувал израелските заложници на „понижувачки начин“.
Изјавата на Хамас сугерира дека е избегната криза што можеше да го наруши кревкиот договор за прекин на огнот. Официјален Израел се уште не се огласил.
Сепак, неколку израелски медиуми, повикувајќи се на израелски официјални лица, го потврдија договорот меѓу двете завојувани страни што го објави Хамас.
Весникот Times of Israel објави, цитирајќи официјален претставник, дека ослободувањето ќе биде извршено преку Египет во среда.
Израелските власти во вторникот изјавија дека Израел размислува за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа, бидејќи се обидува да ги врати дома преостанатите 63 заложници, додека засега го одложува договорот за иднината на енклавата.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, започната со поддршка на САД и помош на египетските и катарските посредници на 19 јануари, треба да заврши во сабота и не е јасно што ќе следува.
Досега 29 израелски заложници и пет Тајланѓани се ослободени во замена за стотици палестински затвореници.
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткофф, би можел да пристигне во регионот оваа седмица за да се обиде да обезбеди продолжување на кревкиот прекин на огнот постигнат по 15 месеци војна.
Слични новости
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра
Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина
Каја Калас: Условите на Русија покажуваат дека Москва не сака мир во Украина
Условите на Москва за примирје, всушност покажуваат дека тие не сакаат мир, бидејќи тие услови се крајните цели на војната“ изјави Калас по состанокот на Советот за надворешни рабти на ЕУ