Државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека е постигната општа спогодба за безбедносните гаранции за Украина.
Вашингтон ќе му даде на Киев безбедносни гаранции, но нема да испрати свои трупи, туку во Украина ќе бидат стационирани само европски трупи, појасни Рубио.
Рубио рече дека деновиве многу се зборува за безбедносните гаранции, но дека тие во суштина претставуваат распоредување на ограничен контингент на европски трупи, пред се британски и француски.
Америка безбедносните гаранции ги дава преку „сигурносниот механизам“ појасни Марко Рубио.
Слични новости
Нови израелски напади врз Бејрут
Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, централен Бејрут. Големи облаци чад се издигаа од местото додека автомобилите минуваа покрај него.
Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани
Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел
Германија ја одби поканата на Трамп за помош во Ормутскиот теснец
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Берлин не гледа улога на НАТО во решавањето на ситуацијата во Ормускиот теснец.


