Научно фантастичниот трилер последната куќа со Вагнер Моура и Грета Ли е откупен од стримерот Нетфликс и неговата премиера на Нетфликс е најавена за 7-ми август.

Режисер на филмот „Последната куќа “ е Луис Летериер, кој го смени насловот на филмот кој претходно се викаше 11817. Филмот е фокусиран на семејство кое е заробено во куќа, со лимитирани ресурси, а без можност да побегне.

Вагнер Моура минатата година беше номиниран за Оскар за главна машка улога во „Тајниот агент“, а бразилскиот актер стекна светска слава со улогата на Пабло Ескобар во серијата на Нетфликс „Наркос“.

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.