Германскиот извоз повторно бележел пад во октомври, втор месец по ред, со остар пад на побарувачката од САД, покажаа статистичките податоци објавени во петокот.
Извозот во октомври бил намален за 2,8 отсто во однос на претходниот месец, на 124,6 милијарди евра, објави Заводот за статистика врз основа на сезонски и календарски прилагодените податоци.
Во септември беше намален за 1,8 отсто, по закрепнувањето во јули и август.

Вредноста на увозот се задржала, горе-долу, на септемвриското ниво, кога се зголеми за два отсто на нешто повеќе од 111 милијарди евра.
Во однос на ланскиот октомври, вредноста на извозот е, исто така, намалена за 2,8 отсто, а вредноста на увозот е зголемена за 1,7 отсто.
Суфицитот во трговската размена на Германија со светот во октомври изнесувала 13,4 милијарди евра и е за 20,7 отсто помал во однос на претходниот месец.
Испораките на германски стоки до другите членки на еврозоната се намалени во октомври за 0,7 отсто во однос на септември, што е лигање на 47,8 милијарди евра. Извозот во трети земји е намален за 5,3 отсто, на 55,7 милијарди евра.
САД ја задржаа позицијата на главна дестинација на германскиот извоз и во октомври, но со 14,2 отсто помала вредност на испораките од септември, од 12,2 милијарди евра.
Извозот во Кина е намален за поблаги 3,8 отсто, на 6,9 милијарди евра. Кина ја задржа својата позиција како главен снабдувач со стоки на Германија во октомври, и покрај падот на вредноста на увозот од 3,0 отсто, на 13,7 милијарди евра.
Германскиот извоз во Русија е намален во октомври за 9,4 отсто во однос на септември, на 600 милиони евра. Увозот, пак, скокнал за 27,4 отсто, на 200 милиони евра.
Слични новости
Раст на европските берзи пред одлуките на ЕСВ
На европските берзи индексите пораснаа во четвртокот претпладнето, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат дополнително намалување на каматите од страна на Европската централна банка
Доларот под притисок, цената на нафтата расте
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во четвртокот во претпладневното тргување падна трет ден по ред
Волстрит зајакна по два дена остри падови
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата, по два дена остар пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораките од Белата куќа кои укажуваат на олеснување на царините од Вашингтон