Минималната синдикална кошничка повторно порасна. Во февруари, за основните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 67382 денари, речиси илјада повеќе од јануари. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, растот за само еден месец изнесува 969 денари.

Ако семејството живее под кирија во стан од 60 квадрати, месечните минимални трошоци се искачуваат на 82.757 денари. Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов вели дека поскапувањата се многу поголеми од најавеното усогласување на платите.

Според синдикалните пресметки, најголем дел од ударот доаѓа од храната и пијалаците, за кои во февруари биле потребни 25.156 денари, односно речиси илјада денари повеќе од претходниот месец.

Вкупната кошничка во однос на лани во февруари е повисока за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година, за повеќе од 30 илјади денари. Токму храната и пијалаците се категоријата во која и Државниот завод за статистика измери  поскапување од 5,2 проценти на годишно ниво.

Поради ова, Трендафилов повторно ја повика власта да изгласа 600 евра минималец и по 100 евра плус за останатите плати. Опозицискиот СДСМ поднесе речиси идентичен закон во Собранието.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека очекува инфлацијата во наредните месеци да се движи под три проценти и дека трендот е сличен како во повеќето земји од регионот. 

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна