Глобалните случувања се одразија врз домашните цени. Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм. Доматите и пиперките достигнаа висока цена која надминува 200 денари за килограм.
Ваквите поместувања на цените, повторно ја забрзаа и инфлацијата. Иако, од почетокот на годинава почна да се намалува, во март статистика измери речиси 5 отсто инфлација во споредба со истиот месец лани.
Поскапување се забележува кај речиси сите производи, но најголемо е кај овошјето. Доколку не се реши кризата на Бискиот исток, проекциите се дека ситуацијата со поскапувањата и ингфлацијата и натаму ќе се влошува.
Слични новости
УХМР предупреди на високи водостои на Вардар и Треска
Според УХМР од денеска се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, предупредуваат на внимателно движење покрај реките.
ЦУК: Поплави во Кичево, Гостивар и Сарај
Во Југозападниот регион, во Кичево е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов.
Уапсен маж осомничен за убиство на старица во село Челопек
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село МАЛОТИНО ОД Општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово.


