Глобалните случувања се одразија врз домашните цени. Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм. Доматите и пиперките достигнаа  висока цена која надминува 200 денари за килограм.

Ваквите поместувања на цените, повторно ја забрзаа и инфлацијата. Иако, од почетокот на годинава почна да се намалува, во март статистика измери речиси 5 отсто инфлација во споредба со истиот месец лани.

Поскапување се забележува кај речиси сите производи, но најголемо е кај овошјето. Доколку не се реши кризата на Бискиот исток, проекциите се дека ситуацијата со поскапувањата и ингфлацијата и натаму ќе се влошува.

 

Слични новости

Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел

Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел

Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.