Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Македонија како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон дер Лајен  посетата ја започна со средба со премиерот Христијан Мицкоски. Фон дер Лајен по што одржа прес конференција, а имаше средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно.

Разговарите беа фокусирани на европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

Посетата на Фон Дер Лајен на Западниот Балкан доаѓа во период кога ЕУ ја ревидира политиката на ЕУ кон проширувањето со Западен Балкан, како и со Украина и Молдавија.

 

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.