Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за правда Игор Филков и претставникот на УНХЦР во Македонија Габриел Гулијано де Годој, денеска го посетија прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија.
Делегацијата беше запознаена со редовните активности во прифатно-транзитниот центар за бегалци и мигранти за потоа да одржи состанок на кој се разговараше за повеќе важни точки.
На состанокот беше разгледана посветеноста на Македонија кон Глобалниот форум за бегалци за подобрување на статусот на барателите на азил до 2027 година, унапредување на државниот систем за баратели на азил до 2027 година и итната потреба од решавање на правниот статус на привремените транзитни центри. Во насока на соработка со полицијата беше разгледано прифаќањето на Стандардни оперативни процедури, сместувањето на луѓе во центарот за странци во миграциски притвор и иницирање на процесот на креирање стандардни процедури за пристап до процедури за азил на меѓународните аеродроми.
Разгледани беа и плановите за имплементација на Акциски план за соработка со Центарот за обука МВР каде идните полициски службеници подобро ќе можат да се едуцираат за бегалските права.
Слични новости
Промовиран првиот водич за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава
Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Северна Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Шукова; За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР
За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.
Втор ден од посетата на Мицкоски на Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ.