Општина Тетово објави дека до почетокот на учебната година градскиот базен ќе има два термини кога ќе може да го користат само жени. Среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот се периодите кога само лицата од женски пол ќе може да пливаат. И цената за користење е определена според пол, па за машките чини 150 денари, додека за жените 100.

Невладините организации велат дека јавните објекти треба да бидат еднакво достапни за сите граѓани, а современите демократски општества се темелат на принципите на еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација.  Секое институционалното одвојување по пол, дури и кога е мотивирано од желба да се одговори на барањата на одредена група граѓани, отвора дилема каде завршува инклузијата, а каде започнува сегрегацијата.

Слични новости

СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски

СДСМ: Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски

Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

„Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението на ВЛЕН.