Германскиот производител на луксузни автомобили Порше објави дека ќе укине уште 5.000 работни места во рамките на големата програма за реструктурирање на работењето на компанијата.

„Порше“ и синдикатот објавија дека намалувањето на бројот на вработените ќе се спроведе социјално одговорно со предвремени пензии и спогодбени раскини на договорите.

Кога ќе се вкалкурираат и мерките договорени минатата година, 2Порше“ ќе го намали бројот на вработени за 8.900 луѓе, додека во поврзаните компании ќе бидат укинати уште околу 500 работни места.

Продажбата на „Порше“ во Кина значајно ослабна, американските царини ги зголемуваат трошоците, додека големите вложувања во електрични автомобили сеуште не ги носат очекуваните резултати.

Слични новости

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.