Во неверојатен фудбалски натпревар Португалија ја победи Хрватска со 2:1. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во второто полувреме, а изедначи Кристијано Роналдо од пенал, откако се огласи ВАР собата за контакт во 16-от на Хрватска при изведување корнер за Португалија.

Кристијано Роналдо беше заменет на 25 минути пред крајот на средбата, а неговата замена Гонсало Рамош во четвртата минута од судиското надополнување постигна прекрасен гол со глава.

Сепак во 12-тата минута од судиското надополнување Хрватска израмни со гол на Јошко Гвардиол, но повторно се огласи ВАР собата и голот беше поништен поради наводен офсајд. ФИФА денеска со соопштение ги бранеше одлуките на судиите на натпреварот.

Слични новости

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина.