Фудбалската репрезентација на Португалија во неделата стана 31-от учесник на Светското првенство кое следното лето заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада.
Во последното коло од групата Ф од европските квалификации, Португалија ја декласираше Ерменија со 9:1 во Порто, освојувајќи го првото место во групата. Португалија влезе во последното коло со два бода повеќе од Унгарија, а победата во Порто обезбеди виза за Светското првенство. Домашната екипа ја заврши целата работа во првото полувреме, по кое веќе имаѓе огромни 5:1. Во остатокот од натпреварот, домашната екипа постигна уште четири гола.
Избраниците на тренерот Роберто Мартинез поведоа во седмата минута со голот на Рената Веига. Едуард Сперцјан израмни во 18. минута, пред Гонсало Рамос повторно да ја доведе Португалија во водство во 28. минута. Две минути подоцна, Жоао Невеш постигна гол за резултат од 3:1. Играчот од средниот ред на ПСЖ го постигна својот втор гол на натпреварот во 41. минута, а Бруно Фернандеш го зголеми резултатот на 5:1 од пенал во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Ефикасноста на Португалците продолжи и во второто полувреме. Фернандеш го зголеми резултатот на 6:1 во 52. минута, а својот трет гол на натпреварот го постигна од пенал во 72. минута. Во 81. минута, и Невеш го постигна својот трет гол на натпреварот, а Франциско Консеишао ги заврши работите во втората минута од судиското продолжение. Кристијано Роналдо не играше откако доби црвен картон во неодамнешниот пораз од Ирска (0:2).
Ова ќе биде деветто учество на Португалија на Светското првенство и седмо по ред. Нивниот најдобар пласман беше во 1966 година, кога завршија на третото место.
Во вториот натпревар од групата, Унгарија и Ирска играа во Будимпешта за второто место и место во доигрувањето. Бод им беше доволен на Унгарците, но Ирците победија со 3:2 во одличен дуел, а Трој Парот го постигна победничкиот гол во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот. Тоа беше неговиот трет гол на мечот, а напаѓачот на холандски АЗ ги постигна и двата гола во победата над Португалија во четвртокот.
Даниел Лукач им донесе водство на домаќините во третата минута, а Парот израмни од пенал во 15. минута. Барнабас Варга ги врати Унгарците во водство во 37. минута. Напаѓачот на АЗ повторно израмни во 80. минута, пред да го постигне победничкиот гол во шестата минута од судиското продолжение.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


