Фудбалерите на Португалија како гости ја победија Норвешка со 2:1 во меч од второто коло на групата 4 од Лигата на нациите, а Кристијано Роналдо целиот меч го помина на клупата.

Жоао Феликс ја доведе Португалија во водство во 17 минута, а изедначи Ерлинг Халанд во 51-та минута. Победата на Португалија и ја донесе Гонсало Рамос во 54-тата минута од мечот.

Бранителот на титулата во Лигата на нациите по две кола има максимални шест бодови, додека Данска и Норвешка имаат по 3, а Велс нема освоено бодови.

 

Слични новости

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Англија-Чешка 3:0, Кејн го израмни рекордот на Шилтон

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0. Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.