Фудбалерите на Португалија како гости ја победија Норвешка со 2:1 во меч од второто коло на групата 4 од Лигата на нациите, а Кристијано Роналдо целиот меч го помина на клупата.
Жоао Феликс ја доведе Португалија во водство во 17 минута, а изедначи Ерлинг Халанд во 51-та минута. Победата на Португалија и ја донесе Гонсало Рамос во 54-тата минута од мечот.
Бранителот на титулата во Лигата на нациите по две кола има максимални шест бодови, додека Данска и Норвешка имаат по 3, а Велс нема освоено бодови.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
