Цената на природниот гас во Европа од почетокот на годинава порасна за 171 отсто. Фјучерсите за гас на берзите се продаваат за 76,36 евра за мегават-час. Растот доаѓа непосредно пред почетокот на зимската сезона, кога потрошувачката во Европа нагло се зголемува.
Поскапувањето веќе е проблем и за Македонија. РКЕ предупреди дека земјата може да ја очекува „турбулентна грејна сезона“ доколку високите берзански цени се задржат.
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Тоа значи дека парното, кое од 1 август веќе поскапе во просек за 5,96 отсто за корисниците на системот на ЕСМ, е пресметано со значително пониска цена на гасот од сегашната.
Слични новости
Европските берзи во пад по новиот напад врз брод во Ормутскиот теснец
Европските берзански индекси денеска главно се во пад откако проектил погоди товарен брод во Ормутскиот теснец, што предизвика нови стравувања за пореметување на пазарот на нафтата.
Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија
Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.
Од денеска горивата поскапи, синоќа гужви на бензинските пумпи
Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.


