Цената на природниот гас во Европа од почетокот на годинава порасна за 171 отсто. Фјучерсите за гас на берзите се продаваат за 76,36 евра за мегават-час. Растот доаѓа непосредно пред почетокот на зимската сезона, кога потрошувачката во Европа нагло се зголемува.
Поскапувањето веќе е проблем и за Македонија. РКЕ предупреди дека земјата може да ја очекува „турбулентна грејна сезона“ доколку високите берзански цени се задржат.
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Тоа значи дека парното, кое од 1 август веќе поскапе во просек за 5,96 отсто за корисниците на системот на ЕСМ, е пресметано со значително пониска цена на гасот од сегашната.
Слични новости
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.
Канада одговори на царините на Трамп: Нови такси на 700 американски производи
Канада денеска им воведе царини на САД кои се однесуваат на увоз на американски стоки во вредност од околу 20 милијарди долари, соопшти канадското министерство за финансии.


