Во авионот кој се урна во близината на Вашингтон по судар на патнички авион со воен хеликоптер „Блек Хоук“ животот го загубија поранешните светски правци во уметничко лизгање, а сега тренери, брачниот пар од Русија Евегенија Шишкова и Вадим Наумов.

Спортскиот агент Ари Закаријан изјави дека во авионот се наоѓаа спортисти кои се занимаваат со уметничко лизгање како и нивните тренери.

Американскиот уметнички лизгач Џон Маравила изјави дека во авионот кој се урна имало најмалку 14 спортисти, не сметајќи ги нивните тренери.

Евгенија Шишкова и Вадим Наумов настапуваа најпрвин за СССР, а потоа за Русија. Тие го освоија златниот медал на светското првенство во 1994 во категоријата парови, а последните години работеа како тренери во Америка.

Слични новости