Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.

Шмит рече дека вештачката интелигенција треба да се исклучи пред да стигне до такви нивоа. Шмит смета дека за кратко време вештачката интелигенција ќе биде способна да развие сопствен јазик што луѓето нема да може да го разберат, ниту ќе разбираат што прави вештачката интелигенција.

Шмит објасни дека системите на вештачката интелигенција веќе се способни да памтат огромна количина на информации и дека резултатите на една задача ги користат како основа за следните чекори.

 

Слични новости

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.