Поранешниот припадни на ОВК Фадиљ Пушкољи, на Фејсбук пишува дека синоќа бил приведен во Македонија, но по распитот од полицијата е пуштен на слобода.
Танјуг првично објави дека Пушкољи е уапсен врз основа на српска потерница, додека порталот „Коха“ објави дека приведувањето се случило при преминување од Косово во Македонија.
Би сакал да им се заблагодарам на полицијата во Северна Македонија особено на албанските полицајци, за нивната фер игра, почит и добро однесување во текот на целата постапка, објави Пушкољи.
Слични новости
Дождот престанува, но доаѓаат минусни температури
До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.
Марта Кос денеска ќе го престави пакетот за проширување на ЕУ
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година.
Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка
Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.


