Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор кој пред осум месеци беше уапсен од англиската полиција со огромно медиумско внимание, побара од судијата да утврди дали постапувањето на полициските службеници кон него било законско, пренесе денеска британски Телеграф.
Тој поднесе барање за судско преиспитување во врска со налозите за претрес што и овозможија на полицијата да изврши рација во неговата куќа на имотот Сандрингем и во неговата поранешна резиденција Ројал Лоџ во Виндзор.
Ова е за прв пат некој член на кралското семејство да ја оспорува законитоста на судската постапка против себе уште од судењето на Чарлс Први во 1649 година.
Слични новости
„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари
Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.
Повеќе од 20 000 луѓе во најголемата светска борба со домати
Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.
Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист
Гејтс смета дека е клучно државите и компаниите да не чекаат да се појават последиците, туку отсега да постават правила кои ќе овозможат користа од вештачката интелигенција да биде поголема од ризиците.


