Британската полиција покрена истрага против Ендру Маунбатен-Виндзор поради наводите за потенцијални сексуални престапи, откако една жена пријави дека била одведена во неговиот дом во Виндзор за да има сексуални односи со него.

Полицијата соопшти дека истрагата е сложена и бара анализа на големи количества информации пристанти од јавноста и од други извори, пренесе Скај њуз.

Принцот Ендру беше уапсен на својот 66 -ти роденден и оттогаш е под истрага, а тој категорично ги демантира обвинувањата.

Специјалната единица во полицијата на Темза изрази загриженост дека Епстиновите жртви би можеле да бидат обесхрабрени да дадат исказ, како и дека разговарала со голем број на сведоци откако беше упасен Ендру.

Слични новости