Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, бил нападнат и претепан од непознати напаѓачи пред неговата куќа во градот Прњавор, соопшти Мектиќ.
Нападот се случил синоќа околу 21 часот и случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите. Истражниот судија нападот го оквалификува како кривично дело телесна повреда.

Мектиќ за порталот Кликс изјави дека напаѓачите биле маскирани и го пресретнале на влезот од зградата во која живее.
Мектиќ, вели, се враќал од вечера со семејството. Тој нагласува дека нема апсолутно никакви проблеми со никого, ниту пак добивал закани.
„Забележав возило како ми се ‘лепи’, а потоа ме претекнува на остра кривина. Ми се виде малку чудно. Кога стигнав пред зградата и го паркирав автомобилот, се упатив кон влезот и ме сретнаа две маскирани лица со ‘фантомки’“, објаснува Мектиќ.
Тој вели дека веднаш го нападнале и почнале да го удираат со тупаници по главата. Кога паднал на подот, продолжиле да го удираат.
Носев чанта и мислев дека сакаат да ме ограбат, но ништо не зедоа. По нападот побегнаа, додаде тој.
Полицијата сега извлекува снимки од надзорните камери од поширокото подрачје со цел да го идентификува напаѓачот.
Дежурниот обвинител нападот врз Мектиќ го оквалификува како кривично дело телесна повреда и нареди понатамошна истрага.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него