Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера, објави новинската агенција Интерпрес.

Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, беше осуден на шест години затвор за злоупотреба на власта кога се врати во Грузија во 2021 година по престојот во странство. Голем дел од таа казна помина во затворската болница.

Грузиската телевизија прикажа сцени на метеж во судницата по објавувањето на пресудата, при што приврзаниците на Саакашвили го нарекоа судијата „роб“ на актуелната влада.

 

Длабоко поларизирачка фигура во денешна Грузија, Саакашвили дојде на власт со ткн „Револуцијата на розите“ во 2003 година. На власт, тој ја преориентира Грузија кон Запад и се впушти во амбициозна програма за реформи во јавниот сектор што доведе до брзи подобрувања во јужнокавкаската земја со 3,7 милиони жители.

Меѓутоа, вториот дел од неговиот мандат го одбележа авторитаризмот, полициската бруталност и катастрофалната војна со Русија во 2008 година во обидот да ја наметне контролата над одметнатите кавкаски области.

Во 2012 година, неговата партија Обединето национално движење ги загуби изборите од коалицијата предводена од Бидзина Иванишвили, бизнисмен милијардер кој останува де факто лидер на Грузија до ден-денес.

По напуштањето на функцијата, Саакашвили се преселил во Украина, каде прозападните власти дојдени во 2014 година, одннно претседателот Петро Порошенко го именуваше на функцијата гувернер на јужната област Одеса. Меѓутоа, подоцна пројави амбиции и да се кандидира за претседетел на Украина и беше обвинет за корупција, по што накусо пребега во Полска, а кога се врати беше притворен од украинските власти.

Во 2021 година, практично беше протеран и принуден да се врати во Грузија, и покрај тоа што беше осуден во отсуство за злоупотреба на власта. По враќањето беше уапсен и затворен.

globe

Слични новости

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот

Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва