Поранешниот обвинител, а потоа и градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани се наоѓа во „критична состојба“ и е хоспитализиран во Њујорк, изјави неговиот портпарол.

Тој рече дека Џулијани е борец кој со сите предизвици во животот се справувал со голема сила, и сега се бори за живот со иста таква сила.

Џулијани кој има 81 година, минатата година имаше сообраќајна несреќа, а последен пад беше забележан во јавноста со инвалидска количка.

Тој беше градоначалник на Њујорк од 1994 до 2001-ва и беше градонаќалник на „Големото јаболко“ кога градот мина низ трагедијата со терористичките напади на 11 септември. Потоа Џулијани му беше личен адвокат на Доналд Трамп.  

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.