Поранешниот обвинител, а потоа и градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани се наоѓа во „критична состојба“ и е хоспитализиран во Њујорк, изјави неговиот портпарол.

Тој рече дека Џулијани е борец кој со сите предизвици во животот се справувал со голема сила, и сега се бори за живот со иста таква сила.

Џулијани кој има 81 година, минатата година имаше сообраќајна несреќа, а последен пад беше забележан во јавноста со инвалидска количка.

Тој беше градоначалник на Њујорк од 1994 до 2001-ва и беше градонаќалник на „Големото јаболко“ кога градот мина низ трагедијата со терористичките напади на 11 септември. Потоа Џулијани му беше личен адвокат на Доналд Трамп.  

Слични новости

Брус Спрингстин, Стиви Вондер, Кристина Агилера и пејачот на У2 Боно, настапија на отварањето на центарот на Обама во Чикаго

Брус Спрингстин, Стиви Вондер, Кристина Агилера и пејачот на У2 Боно, настапија на отварањето на центарот на Обама во Чикаго

На настанот присуствуваа и поранешните американски претседатели Џо Бајден, Џорџ Буш и Бил Клинтон, заедно со поранешните први дами на САД, како и поранешната потпретседателка Камала Харис. Доналд Трамп не беше поканет на настанот кој го оцени како „целосна катастрофа“.

Астрономи го објаснија недостигот од ѕвезди во најголемите галаксии во вселената

Астрономи го објаснија недостигот од ѕвезди во најголемите галаксии во вселената

Супермасивните црни дупки може да генерираат исклучително силни ветрови кои исфрлаат гас -основниот материјал за формирањето на нови ѕвезди. Новите податоци укажуваат на директна врска меѓу активностите на црните дупки и процесите кои ги „гасат“формирањата ѕвезди во галаксиите.