Поранешната партнерка на обвинетата светска музичка ѕвезда, раперот и продуцент Шон Комбс Диди продолжи да открива потресни детали за нивната врска на суд, сведочејќи под псевдонимот „Џејн Доу“. 

Ова е нејзино петто појавување на суд, а за време на нејзиното сведочење таа ја опиша емоционалната и физичката динамика на нивната врска, за која вели дека вклучувала манипулација, принуда и експлоатација.

Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.

Познатиот рапер и продуцент Шон Комбс или Пи Диди моментално се соочува со голем број сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе со сила и принуда и транспорт со цел проституција.

Тој беше уапсен во септември и секојдневно категорично ги негира сите обвиненија против него.

 

Слични новости

Првата „Birkin“-ка оди на аукција

Првата „Birkin“-ка оди на аукција

Големата црна кожна чанта, која ќе стане една од најпознатите и најскапите чанти во светот, е „централниот дел“ на продажбата насловена како „Модни икони“

Мерц го израдувал Трамп со изводот од матичната книга на родените на неговиот германски дедо

Мерц го израдувал Трамп со изводот од матичната книга на родените на неговиот германски дедо

За време на неговата прва посета на Белата куќа во четвртокот, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подарил на домаќинот Доналд Трамп копија од изводот од матичната книга на родените на неговиот дедо, неговиот имењак Фридрих Трамп