Поранешната партнерка на обвинетата светска музичка ѕвезда, раперот и продуцент Шон Комбс Диди продолжи да открива потресни детали за нивната врска на суд, сведочејќи под псевдонимот „Џејн Доу“. 

Ова е нејзино петто појавување на суд, а за време на нејзиното сведочење таа ја опиша емоционалната и физичката динамика на нивната врска, за која вели дека вклучувала манипулација, принуда и експлоатација.

Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.

Познатиот рапер и продуцент Шон Комбс или Пи Диди моментално се соочува со голем број сериозни обвиненија, вклучувајќи заговор за рекетирање, трговија со луѓе со сила и принуда и транспорт со цел проституција.

Тој беше уапсен во септември и секојдневно категорично ги негира сите обвиненија против него.

 

Слични новости