Алексеј Бугаев, поранешен фудбалски репрезентативец на Русија, кој играше на Евро 2004 година, загинал на фронтот во Украина, пренесуваат во неделата руските медиуми повикувајќи се на неговиот татко и агентот.
„За жал, веста за смртта на Алексеј е вистинита. Тоа се случило денеска“, го цитира агенцијата ТАСС таткото на играчот Иван Бугаев.

Новинската агенција РИА го цитираше агентот на Бугаев, Антон Смирнов, кој рече дека интензивните борби го оневозможиле извлекувањето на телото на Бугаев за погреб.
Четириесет итригодишниот Бугаев одигра два натпревара за руската репрезентација на Европското првенство во 2004 година, а играше и за московските тимови Торпедо и Локомотив, а настапуваше и за други екипи надвор од престолнината. Кариерата ја заврши во 2010 година на 29 години.
Во септември Бугаев беше осуден од судот во јужна Русија на девет ипол години затвор под обвинение за трговија со дрога. Тој подоцна ја објави својата намера да се пријави да се бори во војната во Украина.
Слични новости
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.