
Организатор на маршот беше Платформата за родова еднаквост, а се одржа под мотото „Нека јадат ружи“. Присутните маршираа од пред Универзална сала, по булеварот Партизански одреди, покрај Владата и преку мостот „Гоце Делчев“ до паркот Жена борец.
Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А, во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија“, рекоа од Платформата за родова еднаквост.
Осмомартовски марш традиционално организираше опозициската СДСМ, овојпат во Струмица. Лидерот на СДСМ Венко Филипче во говорот кажа дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените, и тоа од страна на носителка на висока јавна функција, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Слични новости
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши
Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок
Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени