Организатор на маршот беше  Платформата за родова еднаквост, а се одржа под мотото „Нека јадат ружи“. Присутните маршираа од пред Универзална сала, по булеварот Партизански одреди, покрај Владата и преку мостот „Гоце Делчев“ до паркот Жена борец.

Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А, во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената. Токму затоа, велиме не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија“, рекоа од Платформата за родова еднаквост.

Осмомартовски марш традиционално организираше опозициската СДСМ, овојпат во Струмица. Лидерот на СДСМ Венко Филипче во говорот кажа дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените, и тоа од страна на носителка на висока јавна функција, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Слични новости

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот