Израел не само што се обидува да ја уништи сириската војска, туку и ја кине територијата на суверена земја во сеуште неизвесна мерка. Да ја оставиме настрана неверојатната бахатост и безобразлук што без причина се гази суверенитетот на друга земја и се крши меѓународното право. Оваквото кинење територи ќе биде причина за следната војна.
Птиците грабливки сега се честат на небото над Сирија. Ја чувствуваат смрдеата и доаѓаат да откинуваат парчиња месо. Израелските авиони ја момбардираат и уништуваат сириската војска, а копнените сили ја заземаат нејзината територија.
Како што водата ги бара најниските места, така Израел пронаоѓа за себе уште една прилика во изобилието прилики што му се укажуваат. Ова е прилика да се уништи сириската армија и да се искине нејзината територија во моменти додека испотепана и во модринки се буди од ноќната мора на претходниот режим кон непознатата иднина.

Навидум, ова се чини како паметен потег на Израел, затоа што ова е шанса да се уништат воените способности на уште еден непријател. Никој во посттрауматската Сирија не може да му се спротивстваи на Израел. Но, не смее да ја занемариме фаталната штета која овој грд грабеж може да ја предизвика на долги патеки.
Во Сирија сега се шири надеж. Можеби е неоснована, односно, речиси е сигурно дека е така, но првите денови на режимот што се формира, сепак даваат некаква надеж. Лидерот на бунтовниците во меѓувреме се покажа како мудар и претпазлив. Наспроти револуцијата во Ирак, Сиријците не го уриваат стариот свет, не пролеваат крв и не ја уништуваат инфраструктурата.
Мухамед ел Џулани за сега прави се за да ја стабилизира ситуацијата и да ја воспостави власта. Израел во моментов е неговата последна грижа. Неговото минато не ветува, но можеби се сменил. Сирискиот народ го заслужи тоа.
Додека Сирија го напипува својот пат во темницата, Израел настапува на својот насилен и агресивен начин, бомбардира и освојува, се јуначи врз слабите и ранетите. Можеби ќе извлече некоја полза од тоа, но може да се случи и Сирија да се опорави и да не заборави кој ја нападна без причина и без легитимитет во тешките моменти. Моментот на слабост е навидум добра прилика за напад, но можеше да биде и прилика да се пружи рака, што можеби би било и отфрлено. Но, кога настаните се случуваат со драматична брзина, не се знае точно што треба да се прави.
Израел можеше барем да се обиде. Наместо да и се заканува на Сирија, немаше ништо да загуби ако повикаше на отварање ново поглавје во односите меѓу двете земји. Циниците ќе речат дека тоа е лудило, но вистинското лудило е вооопшто и да не се обидете, и тоа токму сега.
Сирискиот народ нема да заборави кој ја користи нивната слабост сега и кој им ја уништува земјата. На минатонеделените демонстрации еден граѓанин ми рече : „Ако судбината на Сирија ја препуштат на нејзините граѓани, постои шанса и надеж. Но, Израел веќе се вплеткува, оставајќи и на сириската армија само калашњикови и куршуми.“.
Израел не само што се обидува да ја уништи сириската војска, туку и ја кине територијата на суверена земја во сеуште неизвесна мерка. Да ја оставиме настрана неверојатната бахатост и безобразлук што без причина се гази суверенитетот на друга земја и се крши меѓународното право. Оваквото кинење територи ќе биде причина за следната војна.
Како и окуацијата на Голан, овие сомнителни израелски окуации никогаш не се привремени, нема подолготрајни од нив и на крајот создаваат неизлечива рана.

Израел нема да брза да се повлече од териториите што сега ги освои. Повлекувањето ќе се смета за предавство на кое ќе му се спротивстават десничарите, но и левицата. Израел и порачува на Сирија: заборавете ново поглавје. Ќе продолжиме да војуваме против вас засекогаш. Се на се, многу е логично, но ја гаси секоја надеж.
Гидеон Леви
Хаарец
Слични новости
Првата трансплантиција на модифициран свински црн дроб на човек изведена во Кина
Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина
Хит серијата „Адолесценција“ за мизогинија ги поттикнува британските родители да размислуваат
„Адолесценција“, хит-серијата на Netflix за 13-годишно британско момче уапсено под сомнение за ужасно злосторство, ја зголеми вознемиреноста на родителите за токсичното и мизогинистичко влијание на кое младите се изложени на интернет
Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите
Непосредно пред предвремените парламентарни избори во недела, анкетите сè уште покажуваат дека Христијанско-демократската унија CDU/CSU и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц се во водство, но резултатите покажуваат дека формирањето влада може да биде долго и напорно