Македонија силно го започна натпреварот, рано поведе од 2:1, но Холандија брзо ги искористи грешките на противникот, свртувајќи го натпреварот во своја полза со 4:2 по само седум минути. И покрај овој неуспех, избраниците на Кирил Лазаров, поддржани од илјадници страсни навивачи во Вараждин, одбија да отстапат.

Засилена со уште еден одличен настап на нивното лево крило Филип Кузманоски и одличната поврзаност на задните играчи со линискиот играч Жарко Пешевски, Северна Македонија набрзо го одзеде водството (8:7). Тоа беше поттик за македонските играчи, целата клупа го славеше секој гол и ги охрабруваше навивачите да станат уште погласни. Покрај, тоа новото добро издаени на Никола Митревски на голот придонесоа Македонија да го одржува тесното водство во текот на првата половина од полувремето.

 

Сепак, ситуаијата сосема се смени кога Петар Атанасијевиќ, кој имаше клучна улога во тимот, доби директен црвен картон. Ова го наруши ритамот на македонската селекцијат, што Холандија ја искористи, лесно создавајќи бројна предност на левото крило, од каде Рутгер Тен Велде дојде до неговите пет гола.

Сето тоа резултираше со серија од 5:0 по што Холанѓаните ја зголемија разликата, доведувајќи ги во предност 17:13 непосредно пред полувремето. Лазаров, видно исфрустриран, ги повика своите избраници поцврсто да застанат во одбраната и да се обидат да извлечат максимум со брзи пресекување од втор бран, но на паузата заостануваа со три гола разлика 15:18.

Холандија имаше одличен почеток во второто полувреме, рано постигнувајќи пет гола предност, но Македонија беше очигледно инспирирана и за пет минути успеа да ја намали предноста на само два гола 21:23. Од тој момент, имаше ефект, бидејќи со секое поголемо водство на Холандија, Македонија се враќаше, но никогаш доволно блиску за да ја загрози победата на нивните противници. На пет минути пред крајот, Холандија имаше водство од 32:29, а Тен Велде го постигна својот 11-ти гол, зацврстувајќи ја титулата најдобар стрелец.

Во финишот по бројните контроверзни одлуки на судиската двојка, данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен во вториот многу лесно досудуваа удари од седум метри особено во полза на Холандија која на крајот шутираше дури 12 пенали и погоди 10, што преидизвика жестоко негодување меѓу бројните македонски навивачи на трибините во Вараждин.

Во финишот притисокот беше висок а почнаа нервозните реакции на двете страни. На Милан Лазаревски му беше покажан третиот црвен картон на натпреварот, и од тој момент кога Македонија остана со два играча помалку избраниците на Лазаров не можеа да се вратат во мечот, следеше серија грашки и се чини превисок пораз за она што беше прикажано во текот на мечот.

Капитенот Филип Кузмановски со девет голови беше најефикасен во нашиот табор, Мартин Серафимов имаше шест, додека Марко Митев го заврши натпреварот со четири гола. Никола Митревски на голот впиша седум интервенции. Македонија имаше одлична реализација на нападите од дури 84 отсто, но овој пат направивме многу технички грешки, односно имавме 15 загубени топки, седум повеќе од дуелот со Унгарија.

Холандија ќе се обиде да ја задржи својата победничка серија против Унгарија во недела, во важниот натпревар за двете селекции, додека Македонија ќе ја бара првата победа на Светското првенство и пласман во главната рунда во дуелот против Гвинеја.

globe

Слични новости

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити