Неуспехот на преговорите за прекин на огнот во Украина и поразот на Киев би може да доведат до поделба на земјата на неколку делови и граѓанска војна, пишуваат германските медиуми.
„Земјата би можела да се распадне на неколку делови. Владата би можела да се урне поради преговорите за капитулација“, се нагласува во текстот.
Како што се наведува, украинската војска би можела да се подели на групи, од кои едни ќе продолжат да се борат против Русија, други ќе се предадат, а третите ќе бараат спас во соработка со Русија и ќе се борат против првите. Со земјата нема да може да се управува, пишуваат германските медиуми.

Во текстот се напоменува дека руските сили секојдневно напрдуваат и дека украинската војска е принудена да се повлекува од своите позиции линија по линија, постојано копајќи нови ровови, бетонирајќи нови бункери и создавање на нови линии на снабдување.
Украина исчезнува, квадратен километар, по квадратен километар, секој ден се повеќе.
Втората рунда преговори меѓу Русија и УКраина ќе се одржи во понеделник на 2 јуни во Истанбул. Москва ќе и предаде на украинската тсрана меморандум за идната мировна спогодба, што ги вклучува сите аспекти за решение на судирот.
Слични новости
Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури
Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.
Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди
Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули
Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица