Училиштата остануваат затворени и се организираат дополнителни летови за да им се овозможи на луѓето да го напуштат грчкиот остров Санторини во понеделник, бидејќи десетици земјотреси го потресуваат популарното одморалиште четврти ден со ред.

Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата на островот Санторини и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи.

Земјотреси, некои со магнитуда над 4 степени, го потресуваат Санторини на секои неколку минути во понеделникот, а на луѓето им беше препорачано да се држат настрана од затворени простори и мали пристаништа. Единиците за одговор при катастрофи се распоредени на терен како мерка на претпазливост.

Експертите соопштија дека сеизмичката активност на островот ќе потрае извесен перод. Некои од најнаселените области на островот се наоѓаат на стрмни карпи.

„Проценуваме дека (активноста) ќе продолжи во наредните денови и може да има долга сеизмичка секвенца“, изјави за грчкиот јавен сервијс Ефтимиос Лекас, професор по тектонска геологија и управување со катастрофи, како и дел од тимот стручњаци кои ја проценуваат ситуацијата на теренот.

Локалните власти велат дека локалното население не било особено загрижено, бидејќи е навикнато на земјотреси, но некои кои биле на островот поради работа почнале да го напуштаат.

Виздухопловната компанија „Aegean Airlines“ соопшти дека ќе обезбеди три дополнителни летови до и од Санторини во понеделникот и вторникот за да го олесни патувањето за локалното население и посетителите на барање на грчкото Министерство за цивилна заштита.

Грција се наоѓа на неколку раседни линии и често е потресена од земјотреси.

Една од најголемите вулкански ерупции во историјата, околу 1600 п.н.е., го формирала Санторини во неговата сегашна форма. Последната ерупција во областа се случила во 1950 година.

Експертите велат дека благата вулканска активност забележана во близина на Санторини во последните денови не е поврзана со земјотресите.

globe

Слични новости

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел

Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини

Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови