Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“.
„Овој ден е да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“, се вели во соопштението на Здружението.
Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани изминатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина.
Тие прашаа каде се институциите, каде е системот што требаше да ги штити и што не виде дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм.
Слични новости
Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“
Премиерот Христијан Мицкоски под превезот на лаги го крие проектот „Мигранти за пари“ кој сака да го протне кај граѓаните пред изборите кои ги планира на пролет, обвини денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче
Истекува рокот за кандидирање на повторените избори во четири општини – Бејта и Лимани во трка за Гостивар
Ноќеска на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за повторните локални избори за градоначалници во четири општини во кои не се избраа градоначалници на редовните избори поради недоволна излезност на гласачите
Сообраќајот на Евзони – Богородица утрово се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

