Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел и Меминген. Откажен е летот и до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Цирих и Истанбул.

Поради многу густата магла вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони и само тие успеаја да полетаат по пладне, кога малку се се подобрија временските услови. Другите полетувања беа откажани, а авионите што требаа да слетаат во Скопје беа пренасочени кон Приштина, Софија, Тирана и Солун.

 Видливоста паѓаше на помалу од 100 метри, што е далеку под стандардите за инструментално слетување во најниската категорија 1, каква што е онаа на Скопскиот аеродром.

УХМР најавува и во следните три дена променливо облачно време со магла.

 

Слични новости