Економистите очекуваат повисока инфлација и побавен економски раст на САД поради војната на Блискиот исток.

Според проценките на експертите за агенцијата Блумберг, индексот на лична потрошувачка кој за американските Федерални резерви е клучен показател на инфлацијата, би требало да изнесува 3,1 насто во 2026, што е зголемување во однос на претходната проекција која изнесуваше 2,6 насто.

Освен тоа, проекциите за економскиот раст на САД се намалени и сега проценката е дека растот на БДП-то во САД ќе изнесува 2,3 проценти, со послаба лична потрошувачка и побавен раст на вработувањата во првата половина од 2026.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.