Резултатите на најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека во САД јавната поддршка на војната со Иран падна на најниско ниво од почетокот на конфликтот, поради што и популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е на рекордно ниско ниво.

Резултатите на најновата анкета покажуваат дека само 31 насто од Американците ја поддржуваат воената акција против Иран. Во март Трамп имаше поддршка од 37 насто, а на почетокот на овој месец неговата поддршка падна на 34 насто.

Околу 69 насто од републиканските испитаници ја поддржуваат војната, во споредба со 77 насто во март.

 

Слични новости