Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин „Евзони“ кон Македонија за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време.

На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција беше одлучено в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини, но веројатно само за камиони.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, додека пак ден подоцна, на 1 декември беа паркирани трактори и на граничниот премин „Евзони“, каде што речиси секојдневно на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.