Сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави предизвика невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија, а денеска до жителите беше испратена порака од бројот за итни случаи 112 да ги ограничат нивните движења, додека, пак, оние од Закинтос добија порака со предупредување за „опасни временски појави“.

Според грчките медиуми, поради обилниот дожд на Кефалонија се поплавиле делови од островот, било предизвикано лизгање на земјиштето, но и штети на патната инфраструктура.
Од бројот 112 за итни случаи денеска беше испратена порака до сите оние што се на островот поради „интензивните временски појави (врнежи од дожд) да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата на властите“.
Порака од 112 добија и жителите на Закинтос со предупредување за невреме од денеска во следните 24 часа и исто како и за оние на Кефалонија, апелот е да ги ограничат движењата.
Слични новости
Албанија: Се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11. мај
Во Албанија се очекува дијаспората да има големо влијание на резултатите на парламентарните избори на 11. мај, доколку правото на глас го остварат сите оние на кои им е прифатено барањето
Србија: Три пратенички тешко повредени во безредијата во парламентот, изјави Брнабиќ
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ изјави дека во денешните немири во парламентот се повредени три пратенички, меѓу кои и една која доживеала мозочен удар и се бори за животот
Додик не се откажува, прави планови за блокирање на владините тела на БиХ
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, започна кампања со цел да ги убеди сите Срби вработени во владините тела на Босна и Херцеговија да ги напуштат своите работни места, ветувајќи им дека во тој случај ќе им најде работа и ќе им даде повисоки плати