Сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави предизвика невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија, а денеска до жителите беше испратена порака од бројот за итни случаи 112 да ги ограничат нивните движења, додека, пак, оние од Закинтос добија порака со предупредување за „опасни временски појави“.

 

Според грчките медиуми, поради обилниот дожд на Кефалонија се поплавиле делови од островот, било предизвикано лизгање на земјиштето, но и штети на патната инфраструктура.

Од бројот 112 за итни случаи денеска беше испратена порака до сите оние што се на островот поради „интензивните временски појави (врнежи од дожд) да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата на властите“.

Порака од 112 добија и жителите на Закинтос со предупредување за невреме од денеска во следните 24 часа и исто како и за оние на Кефалонија, апелот е да ги ограничат движењата.

globe

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај